Француската конзервативна партија Републиканци денеска одржува прв круг внатрепартиски избори за кандидат на претседателските избори кои ќе се одржат на пролет следната година.
Фаворити се двајца бивши премиери – Франсоа Фијон и Ален Жипе, како бившиот претседател Никола Саркози.
Како што јави АФП, во првиот круг учествуваат седум кандидати, а следната недела ќе се одлучува меѓу двајца кандидати кои ќе добијат најмноу гласови во првата рунда. Се очекува денешните резултати да бидат објавени утре вечер.
АП наведува дека републиканците во одлучувачкиот круг на трката за претседател на државата најверојатно ќе се соочат со крајно десничарската партија Национален фронт на Марин ле Пен.
Претседателските избори во Франција се закажани за 23 април, а ќе с еодржат во два круга.




