На петти февруари оваа година локалните власти од регионот на Алп-Маритим и министерот за внатрешни работи на Франција Бернар Казнев одржале состанок за да се подготват за сигурносни предизвици по повод карневалот во Ница и Европското првенство во фудбал, пишува Градијан.
Карневалот кој го посетија околу милион луѓе и се помина без проблем, беше обезбедуван од 400 локални полицајци и 1400 припадници на државните безбедносни служби.По повод ЕУРО 2016 во март беше изведена голема вежба која симулираше масивен напад во кој жртвите итно би се пренеле во болница во Ница, Кан, па дури и во Монако и Марсеј.
Предвиден беше напад со нуклеарно, бактериолошко и хемиско оружје, како и напад со бомби, рече тогаш заменик префектот на регионот Франсоа – Хавиер Лауч. Големо внимание се посвети и на можност на напад од море, како што тоа беше случај во Бомбај. Но, сепак ваков лудачки чин со газење на луѓе со камион никој не предвиде.
Ница е туристичко место, а шеталиштето го добило името по англискиот свештеник и негов роднина кои во 1824 година направиле скромен земјен пат, кој ќе се развива и разубавува во следните децении. Во 1860 година, Ница тогаш припоена кон Кралството Сардинија, станува сопственост на Франција.
Самиот град денес има околу 342.000 жители и петти е најнаселен град во Франција, по Париз, Марсеј, Лион и Тулуз.