Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фрчковски: Политичките елити одиграа најважна улога непосредно по прогласувањето на независноста

0
By НОВА ТВ on September 17, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 17, 2021 13:47

Професорот по меѓународно право Љубомир Фрчковски, кој беше и поранешен министер и за внатрешни и за надворешни работи, на дебатата во Владата посветена на 30 години независност „Патот до независноста“, осврнувајќи се на периодот непосредно по прогласувањето независност, рече дека во такви историски моменти на промена, најважна работа е важноста на одговорноста на политичките елити во тие моменти.

– Најважната работа е важноста на одговорноста на политичките елити во такви моменти на промена. Во транзициските земји независно од ефуоријата на народот, тежината на политичките елити има посебна важност. Одговорноста на политичките елити во Македонија тогаш беше значајна и кај македонскиот и кај албанскиот блок и тоа изведе една операција која е ретка за една мала држава која првпат беше независна, која не постоеше во диломатската меморија во светот, бевме тотално оставени во тој прв период сами на себе, иако имавме стратешки партнери, рече Фрчковски.

Тоа, оцени тој, за земја на крстосница значеше дека или ја контролирате вашата држава, или ќе ве поделат.

– Во такви околности, без армија, со меѓуетнички односи какви што имавме и со отворени односи со сите соседи, и странци не можеа да разберат зашто војна во Македонија во тој период не изби. Истовремено имате период на исклучителен мир, инклузија на Албанците со сите проблеми со нив, тоа беше значаен и суштествен дел на процесот. Македонија прво се обиде да научи раскинување со Југославија, односно со Србија, тоа го учевме во тој момент. Второто прашање беше новото поставување на албанската заедница во Македонија, истакна тој.

Третата тема која ја учевме, продолжи Фрчковски, е борбата со идентиските прашања со Грција и со Бугарија.

– Посебно со Грција беше жестоко, издржавме две блокади со Грција, единствено отворена граница беше со Бугарија, две ембарга да не ве фрлт на колена, државата и во тие услови добива силна самодоверба. И нормално учење геостратегија на мала земја, наоѓање стратешки партнери, начинот на којшто играте по правилата во меѓународните односи, учите демократија во една земја што не била демократска и која нема демократска традиција, заклучи Фрчковски.

Првиот претседател на првиот македонски Парламент Стојан Андов, говорејќи на дебатата истакна дека таа наша историја на независна држава од 91-ва, почнува со првата седница на Собранието со која претседавал најстариот пратеник Никола Стојановски.

– Седницата заврши со мој избор на претседател на Собранието. Таа вечер стигна материјал од претседателсвото на СФРЈ и добив покана да ја преставувам новата власт во Македонија. И другиот ден одржавме седница посветена на тоа барање. Тогаш Милан Кучан побара претседателството веќе да не го има врз СФРЈ туку да се пренесе кај републиките. Сите се согласивме со тоа, но изби некој спор меѓу Туѓман и Милошевиќ, рече Андов.

Тој потсети дека на 25 јануари била донесена Декларацијата за сувереност на Македонија и е првиот акт за прогласување независност на Македонија.

– Претходно, на 17 јануари, Глигоров беше избран за претседател со 116 гласови. Потоа го ставив за дискусија на дневен ред предлогот за декларацијата за сувереност, која потоа ја донесовме на 25 јануари, и таа декларација за сувереност тогашниот премиер на Југославија Анте Марковиќ ја прогласи како антиуставна пред правосудството на Југославија, при што развлече еден спор, но таа декларација си живееше бидејќи уставните судии не успеаја да се состанат, раскажа Андов.

И целата постапка на независност на Македонија, се надоврза Андов, ја поставивме врз таа декларација – декларацијата за сувереност.

– Тоа се покажа во 91-ва година во декември кога кај мене дојде претседателот Глигоров и ми кажа дека има потешкотии кај комисијата на Бадентер бидејќи не сака да ја поддржи Македонија да биде независна, затоа што додавката во Уставот зборува дека таа се изјаснува за учество во некоја целина на некоја југословенска држава. Го исправивме тоа и дури тогаш ја прифати Глигоров оваа декларација за сувереност и така таа 91-година ја завршивме со успех, рече првиот претседател на првиот македонски Парламент Стојан Андов.

Љубомир Фрчковски независност Стојан Андов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.