Слободните општества се соочуваат со растечка закана од авторитарните водачи, кои претставуваат постојан и растечки предизвик за либералната демократија како доминантен владејачки систем на 21-от век, констатира организацијата за заштите на човековите права и демократијата во светот Фридом Хаус во најновиот извептај „Уривање на демократјата: Цели, стратегии и методи на авторитарните лидери“.
Авторот на Извештајот Арч Падингтон заклучува дека „Русија, Кина и други репресивни режими успеале онаму каде што претходните тоталитарните системи не успеале, пред се како резултат на нивната порафинирана и посуптилна стратегија за контрола, нивното искористување на отворени општества, и ширењето на политика на нетолерантност во самите демократски земји“.
-Лидерите на денешните авторитарни системи посветуваат целосно внимание на предизвикот за уништување на опозицијата, непочитување на владеењето на правото, додека создаваат лажна слика на ред, легитимност и просперитет, вели Падингтон.
Според него руското мешање во изборите во Америка и во Европа е највознемирувачкото манифестирање на еден поширок авторитарен обид за глобалното влијание, рече Падингтон.
-Другите опасни активности вклучуваат ги вклучуваат обидите на Москва за дестабилизација на соседните земји и напорите на Пекинг за воведување меѓународна цензура на пшрашања што се од интерес на Кина, додава тој.
Овој извештај објаснува како модерните авторитарни режими се бранат и се промовираат себе си, како режими од различни региони и од различни општетсва позајмуваат и адаптираат техники на политичка контрола.




