Аргентина и Уругвај имаат намера да поднесат заедничка кандидатура за организација на Светското фудбалско првенство во 2030 година. Ова го потврдија и претседателите на двете држави, Маурисио Макри и Табаре Васкез. На конференција во Буенос Аирес , тие ја повторија силната желба и заложба што ќе следува за организација на мундилајот по 14 години.
Шансите да успеат ги гледаат низ два апсекта. Во 2030 година ќе се прослави голем јубилеј – еден век од првото СП што се одржа токму во Уругвај. И вториот е низ принципот на ротација на контнентите. Наредното СП 2018 е во Европа (Русија), во 2022 година ќе биде во Азија (Катар), во 2026 година најверојатно ќе биде во Северна Америка (сè уште нејасно дали САД ќе аплицираат сами или заедно со Канада и Мексико).
Аргентинците и Уругвајците, за ривал, би можеле да имаат кандидатура од Африка или евентуално Австралија со оглед дека најмалиот континент никогаш досега немал таква чест и покрај интересот што е пројавен во неколку наврати во минатото. Последниот мундијал беше токму на тлото на Јужна Америка, во Бразил пред две години.