Иван Тричковски го постигна единствениот гол за АЕК во гостинскиот триумф против Анортозис во 18 коло на кипарското фудбалско првенсто. Тимот од Ларнака славеше со 1:0, македонскиот репрезентативец реализира во шестата минута од пенал. Заедно со Даниел Мојсов беа во стартниот состав на „зелено-жолтите“ кои по ова коло се нови лидери во шампионатот по киксот на досегашниот АЕЛ од Лимасол кој загуби кај Аполон со 2:0.
За Тричковски, кој во претходното коло реализира со ножички, денешниот е осми погодок оваа сезона на Кипар. Напаѓачот на Македонија запиша и шест во квалификациите за Лига Европа во летниот период. По два даде во двомечот на АЕК со Фолгоре и по еден против Клифтонвил и Спартак Москва.