Квалификации за ЛЕ: Голот на Јаховиќ недоволен за Малатијаспор, плејофот за Партизан

Со елиминации во третото коло се соочија и АЕК Ларнака на Иван Тричковски, Сараево на Крсте Велкоски, Пјуник на Антонио Станков и Денис Махмудов и Сутјеска на Милован Петровиќ. Од „македонските“ клубови за групна фаза ќе игра Риека на Дарко Велковски

Квалификации за ЛЕ: Партизан со една нога во плејофот, петти гол на Тричковски (Видео)

„Црно-белите“ ја поразија Малатијаспор со 3:1 и со убава залиха ќе патуваат на реваншот во Турција по седум дена. Стрелци за српскиот вицешампион беа Нигериецот Садик, Јапонецот Асано и Сума од Гвинеја. Македонскиот репрезентативец, пак, го постигна единствениот погодок за АЕК Ларнака во ремито на домашен терен против белгиски Гент

Квалификации за ЛЕ: Тричковски го „истресе“ Левски, Јаховиќ и пресуди на Олимпија (Видео)

Кипарски АЕК Ларнака славеше во Софија со 4:0, сите четири гола беа дело на македонскиот репрезентативен крилен напаѓач. Малатијаспор, пак, славеше во Љубљана со 1:0 со голот на македонскиот интернационалец за пласман во третото коло. Меѓу стрелците и екс вардарецот Јасир Асани, но неговиот Партизани е елиминиран од Шериф Тираспол

ЛЕ: Победи на Адеми, Елмас, пораз на Николов, Тричковски стрелец

Динамо Загреб славеше кај Андерлехт со 2:0 како и Фенербахче на домашен терен против Спартак Трнава. Челзи го совлада Види МОЛ на „Стемфорд Бриџ“ со 1:0, Баер Леверкузен подобар од АЕК Ларнака со 4:2. Единствен од македонските репрезентативци што остана без минутажа во денешните клупски настапи во Лига Европа беше Стефан Ристовски чиј Спортинг Лисабон триумфира над украинска Ворскла во Полтава со 2:1

На Кипар како дома: Тричковски верен на АЕК Ларнака до 2020 година

Македонскиот репрезентативец ја продолжи соработката со кипарскиот прволигаш до крај на натпреварувачката 2019/20. На тимот од Ларнака му пристапи лани и оттогаш забележа 47 настапи што ги круниса со 25 погодоци