Кристијано Роналдо е, сепак, согласен да плати 14,7 милиони евра на шпанските даночни власти што е износ за кој е обвинет дека го затаил на име на данок во земјата.
Португалскиот фудбалски ас најавил дека во текот на наредната недела ќе ги исплати парите и тоа со цел да избегне висока казна. Вина нема намера да признае, а ваквиот негов потег, меѓудругото, се толкува како олеснителна околност при закажаното сослушување на 31 јули.
„Кристијано не признава дека го сторил делото за кое е обвинет. Со ова сака само да соработува“, порачаа адвокатите на Роналдо преку шпанскиот спортски весник „Ас“.
Роналдо претходно демантира дека крие приходи на Девствените Острови. Доколку се изјасни виновен во случајот, ќе може да смета и на двојна помала казна, но ќе мора да палти и 30 милиони евра.