Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ФЗОМ: Аптеките тактизираат при издавање на лекови на рецепт

1
By Менче Атанасова Точи on March 14, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нема лекови на рецепт во аптеките. Овој месец квотите се потрошиле уште пред десетти во месецот. Вака им одговараат во аптеките на пацинетите кога со рецепт во рака одат да си ја подигнат терапијата. Ова е особено проблем за пензионерите и хорничните болни, но ги засега сите граѓани кои имаат потреба од лекови на товар на ФЗОМ.

„Јас сум хронично болен човек. Имам проблеми со висок крвен притисок и со срцето, згора на тоа имам и астма. Секој месец давам пари за партиципација, а сега треба и да купувам лековите“, вели за НОВА, Светислав Б. пензионер од Скопје.

Слична е ситуацијата во последните неколку месеци речиси во сите аптеки. НОВА побара обајснување во неколку аптеки, но одговорот секаде беше ист, а тоа е дека „се потрошиле квотите“. Колку квоти добиваат дали се тие според потребите и побаравучакта на лекови во аптеките не ни одговорија. Тоа прашање го упативме во Фондот за здравствено осигурување.

Од август минатата година откако е поставен на функцијата директор на ФЗОМ, Ден Дончев не излегол пред јавноста да објасни што се случува со лековите, дали и какви промени се случуваат во Фондот за здравствено осигурување, каква е стратегијата на новото раководство. Нема ниту прес конференции, ниту брифинзи со новинари како што беше вообичаено години наназад.

Наместо тоа добивме добивме однапред подготвено соопштение од службата за односи со јавноста.

Во одговорот од ФЗОМ с е вели дека квотите на аптеките кои вршат обезбедување на лекови на рецепт на товар на ФЗОМ за осигурениците се утврдуваат според годишниот буџет на Фондот кој за оваа година е за 4 проценти поголем од минатата, кога пак, имало зголемување од 8 проценти во однос на претходната 2016 година.

Од ФЗОМ потенцираат дека (освен лековите кои се издаваат во рамки на квотите на аптеките) поскапите лекови кои се на товар на Фондот се издаваат надвор од квотите на аптеките и осигурениците немаат никаква пречка истите да ги добијат на товар на ФЗОМ.

Очигледно, од ФЗОМ вината за недостогот на лекови на рецепт ја фрлаат на аптеките.

„ Аптеките се должни да ги нарачуваат лековите од веледрогериите и согласно потребите на осигурениците“, се вели во одговорот од Фондот за здравство. 

Од ФЗОМ велат дека аптеките различно ги реализираат нивните квоти во зависност од градот, локацијата на аптеката и слично. Некои пофреквентни аптеки побрзо ги исполнуваат квотите, а некои аптеки имаат квоти и до крајот на месецот. Потенцираат дека аптеките имаат можност за 6 месечно порамнување во рамки на нивниот финансиски лимит (дозволеното надминување на месечните квоти е до 10 проценти), а првото финансиско порамнување оваа година се врши токму со овој месец, март.

„Од информациите кои ние ги добивме, одредени аптеки тактизирале при издавањето на лекови бидејќи се судирале и со голем број пропишани рецепти од лекарите.  Но исто така мора да се каже дека (не)рационалоста во пропишувањето, (не)рационалноста во издавањето на лекови и (не)рационалноста во употребата на лековите од крајниот корисник – осигуреникот, како и навиката/праксата за создавање домашни залихи на лекови и  неправилната примена/употреба на лековите, се фактори кои влијаат на зголемувањето на трошоците за лекови на рецепт на товар на Фондот.  Во овој период освен тоа што работиме на поинтензивни контроли во делот на (не)рационалноста во пропишувањето на лекови на рецепт на лекарите и издавањето на лекови на рецепт од аптеките, секако дека ги разгледуваме сите можни опции за реализација на нашите заложби Фондот да обезбеди повеќе средства за лекови на осигурениците и повеќе лекови (по вид и по количини) и особено да овозможиме на нашите осигуреници да добиваат повеќе лекови без доплата (лекови за кои осигуреникот не треба да доплаќа никакви средства за лекот освен задолжителната партиципација согласно законските прописи), велат од ФЗОМ.

Бројот на фактурирани реализирани рецепти од 2010 до 2017 година и износите на товар на Фондот за истите

Од ФЗОМ велат дека во интерес и на заштита на личните средства на осигурениците, за 75 проценти од лековите по генерика со утврдена референтна цена обезбедиле најмалку по еден лек по заштитено име без доплата за осигурениците и апелираат до осигурениците да бараат информации во аптеките и во ординациите за тоа кои лекови без доплата им следуваат и можат да ги подигнат на рецепт на товар на ФЗОМ по нивен избор и според нивните потреби.

Во меѓувреме додека ФЗОМ и аптеките се натегаат каде е вината што лекови на рецепт има само во првите десет дена од месецот, граѓаните кои плаќаат здравствено осигурување во Фондот не можат да дојдат до лек и по неколку поминати аптеки. Всушност, прашањето кое често си го поставуваат граѓаните е, зошто постојат квотите за лекови и со која цел се ставени кога не му служат никому. Едно е сигурно, продажбата на лекови од година во година оди по нагорна линија, а граѓаните  одвојуваат од уста и од својот скромен буџет за да можат да си ги купат потребните лекови.

аптеки недостиг на лекови ФЗОМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.