Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ФЗОМ: Граѓани не ни побарале лекување на товар на Фондот, а собираат донации за во странство

0
By НОВА ТВ Balaban on March 18, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 18, 2022 16:08

Под фотографијата на девојчето која се споделува на социјалните мрежи каде со зелени крупни букви пишува „УРГЕНТНО“, стои дека операцијата во Бањица „ Фондот не ја поддржува“. Ја информираме јавноста дека за конкретниот случај во ФЗОРСМ ВООПШТО нема поднесено барање за лекување во странство, се вели во соопштението

Фондот за здравствено осигурување реагира поради се почестата злоупотреба од граѓани, како што велат, кои собираат донации за лекување во странство.

Има наплив на барања во последно време, кои кружат на социјалните мрежи со молба граѓаните да се солидаризираат и да помогнат со уплата на телефонските броеви за донација или директно на сметка во банка.

Од ФЗОМ појаснуваат дека станува збор за собирање на донации за случаи каде што воопшто не било поднесено конзилијарно мислење, односно не било побарано лекување на товар на Фондот.

–Често се случува да се злоупотреби ФЗО бидејќи барањата кружат со изговор дека„ Фондот не одобрува“, иако пациентот воопшто не поднел документи во ФЗО, а со тоа не побарал лекување во странство преку Фондот. Со ова, не само што се злоупотребува институцијата, Фонд за здравствено осигурување, туку се манипулира и со граѓаните. Фондот е запознаен со повеќе случаи кои на ваков начин собираат финансиски средства од граѓаните. Еден од низата е случајот каде што се бараат 16 500 евра за итна операција на 13 годишно девојче на Институтот за ортопедија во Бањица. Под фотографијата на девојчето која се споделува на социјалните мрежи каде со зелени крупни букви пишува „УРГЕНТНО“, стои дека операцијата во Бањица „ Фондот не ја поддржува“. Ја информираме јавноста дека за конкретниот случај во ФЗОРСМ ВООПШТО нема поднесено барање за лекување во странство, се вели во соопштението.

Оттаму додаваат дека е контактиран родителот кој објаснил дека не му е потребно лекување преку ФЗО, туку се решил да собира донации за операција во Бањица и објасни зошто се одлучил на ваков чекор, процедура од која евидентно е дека не е запознаен со деталите од постапката.

Од Фондот ја објаснуваат постапката за упатување на лекување во странство која се поведува по барање на осигуреното лице.

Кон барањето осигуреното лице поднесува:
– предлог за упатување на лекување во странство од соодветната универзитетска клиника во Скопје;
– потребна медицинска и друга документација за текот на лекувањето во здравствените установи во Р.Македонија.

Согласно член 4 став 1 од Правилникот за начинот на користење на здравствени услуги на осигурените лица во странство, предлогот за упатување на лекување во странство го дава клиничкиот конзилиум од најмалку тројца лекари субспецијалисти/специјалисти и директорот на соодветната универзитетска клиника во Скопје и важи шест месеци од денот на издавањето.

Понатаму предметот со целокупната документација се разгледува од страна на лекарските комисии, при што по донесување на оценка и мислење се носи соодветен управен акт од страна на Фондот.

-Укажуваме, да не се пишуваат дезинформации во барањата кои се споделуваат на социјалните мрежи и да не се злоупотребува ФЗОРСМ во случаите каде воопшто не било побарано лекување преку Фондот бидејќи на ваков начин се руши угледот на институцијата, се создава погрешна перцепција во јавноста, а се манипулираат и граѓаните, велат од Фондот.

донации лекување собираат товар на Фондот
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
ФОКУС
April 16, 2026

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

ВЕСТИ April 16, 2026

Под мотото дека молчењето е злочин кон сопственото достоинство, Синдикатот на културата на Република Македонија…

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026

Полска бара Унгарија итно да ѝ ги испорача пребеганите функционери обвинети за криминал

April 16, 2026

Во сенката на иранската криза Русија континуирано ја напаѓа Украина

April 16, 2026
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.