Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ФЗОМ не пријавил за лековите, ОЈО води истрага по написите на НОВА

1
By Менче Атанасова Точи on November 30, 2017 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 30, 2017 14:20

Основното јавно обвинителство се уште не добило пријава од директорот на Фондот за здравствено осигурување, Ден  Дончев за неговите сознанија за фалсификувани лекови од паралелниот увоз кои ги сподели јавно. Но, ОЈО веќе води истрага врз основа на истражувањето на НОВА, по допрен глас, потврдија за НОВА од Обвинителството. Детали за истрагата не се соопштуваат.

Сепак, НОВА неофицијално дознава, дека Обвинителството испратило барања за да им достават податоци за лековите од  паралелен увоз  и тоа до Агенцијата за лекови, Лекарската комора и асоцијацијата на странски иновативни  компании „Фармабренд Нова“.  Податоци со докази за несакани дејства или за фалсификувани  лекови   биле побарани и од здружението за ретки болести, но и за инсулините.

ОЈО пратило и допис до МВР за да ги провери сознанијата на директорот на ФЗОМ, Ден Дончев кои ги сподели јавно дека уште пред две години во МВР стигнало писмо каде се вели дека турското МВР имала акција против организирана група која што фалсификува лекови за други земји, меѓу нив и Македонија. И НОВА побара одговор од МВР за ова, а од таму потврдија дека таков допис не постои. Но, посочија дека  со оглед на фактот дека ОЈО има покренато пред истражна постапка,  МВР  е подготвено да постапи по добиени насоки и наредби од Обвинителството.

Дознаваме дека ова се само дел од дејствијата кои ОЈО ги има покренато за случајот со лековите од паралелниот увоз.  Официјално, од ОЈО велат дека се прибира документација и се преземаат дејствија за расветлување на случајот со фалсификуваните лекови.

„Се превземаат дејствија за расветлување на фактите и доказите. Но, според член 289 од Кривичниот законик не смеат да се откриваат детали за да не се наштети на истрагата и да не се сокријат или уништат документи и докази“ велат за НОВА во Обвинителството.

Во наредниот период ОЈО веројатно ќе работи и на сослушување на сведоци и одговорни лица од институциите кои се инволвирани со паралелниот увоз со лековi.

Народниот правобранител ја повикува Владата да им ја гарантира безбедноста на граѓаните

Во меѓувреме, Народниот правобранител напредуваше во истрагата и од досегашните сознанија констатирале дека главните проблеми се однесуваат на пропусти во Законот за лекови во делот на паралелниот увоз. Заради ова, од Народниот правобранител се обратиле до Владата итно да се направат измените и што поскоро да им се гарантира безбедноста на граѓаните, а  Агенцијата за лекови да ги зајакне капацитетите, кадровски и стручно.

Во Народниот правобранител тврдат дека во моментот 99 проценти од лековите од паралелен увоз доаѓаат од Турција и за нив нема гаранција дека се безбедни. Овие лекови, според последните податоци на Агенцијата за лекови  учествуваат со 70 проценти во болниците и 30 проценти во аптеките. Истрагата на Народниот правобранител покажала многу пропусти во делот на лековите од паралелен увоз кои покажуваат дека постои хаос и нема контрола во регулацијата на овој вид увоз. За овие лекови воопшто не постои комисија за стручна проценка која ќе утврди дали и колку се сигурни лековите како што тоа се прави при редовниот увоз, ниту пак ги поминале контролите на специјализирани лаборатории во Стразбург и Лондон.

Утврдено е дека при паралелниот увоз воопшто не се спроведува постапка за регистрација на лековите. Ова значи дека веледрогериите добиваат само привремени одобренија, додека целосно одобрение се издава откако увозникот ќе го плати целиот надоместок, а лекот веќе стигнал до пациентите. Во последните години, откако се донесени измените на Законот за лекови во 2013 година се врши само проценка на документацијата врз основа  за сличноста на лекот од паралелен увоз со оригиналниот лек кој е регистриран во државата и тоа врз основа на документ и примерок од лекот од земјата извозник, во случајот Турција,  и тоа го прави овластен проценител

Од Народниот правобранител сметаат дека измените кои се работат околу три месеци се минорни, тие нема да го решат проблемот, особено што од законот не се исфрла Турција како земја увозник или не се зајакнува законската регулатива во однос на оваа држава. 

Паралелниот увоз започна да се применува со законот во 2012 година и увозот се вршеше исклучиво од земји од ЕУ, но претходната власт од непознати причини одлучи во 2013 година да додаде трети земји(Русија, Турција, Израел, Канада, Норвешка и САД) како земји  извозници во Македонија и тоа го направи со измена на законот. 

истрага лекови ОЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.