Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Г.Г. Стефан: Слободата не смее да стане предмет на обожување

0
By Нова ТВ on May 10, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поглаварот на Македонската православна црква, г.г Стефан, на Третата светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог, која денес и утре се одржува во Скопје, рече дека повеќе од потребно ни е враќање на трајните духовни (евангелски) вредности и да се потсетуваме на тоа дека секој човек треба да биде целосно слободен, што подразбира да може да сака и да биде сакан, да се надева и да верува, да биде во рамноправна заедница со другите, а особено во заедница со Бога.

– И покрај сите декларации за права и слободи, сè позабележителна е преокупацијата и тенденцијата како да се завладее со другите, на економски, политички, воен, па и духовен план. Никому и никаде не смее да му се одземе правото достоинствено да ја изразува и живее слободата, особено на религиозен план рече архиепископот на МПЦ, г.г. Стефан.

Во својот говор поглаварот на МПЦ рече и дека слободата не смее да стане предмет на обожување

– Слободата, посочи тој, никогаш не смее да биде „употребена“ до таа мера што ќе стане принцип, односно предмет на обожување, а на денешниот, на современиот човек како да му се случува тоа – сакајќи да биде слободен во сè и за сè, тој всушност се заробува и станува роб на сопствените страсти, на своите недостатоци.

Тој, исто така, рече и дека сè почесто се слуша за „вакви и онакви права“, но не слушаме за одговорности.

– Денешниот човек сака да побегне од овој свет, но не по патот што нуди мир, внатре во себе, со сите наоколу и со Бога, туку нуди привидно бегање од проблемите, од страдањата, и тоа во нереалниот свет каде што иако чувствуваме дека не сме решиле ништо, иако се гледаме кои сме и до каде сме, сепак се браниме со својата ароганција. Па затоа сè почесто слушаме за вакви и онакви права, но не слушаме за одговорности – рече архиепископот г.г. Стефан.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025

Норвешкиот министер за одбрана Торе Сандвик предупреди: Русија интензивно го милитаризира полуостровот Кола во Арктичкиот круг, складирајќи нуклеарно оружје

October 25, 2025

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025
ФОКУС

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

ВЕСТИ October 25, 2025

На кружниот тек на улицата „Стево Теодосиевски“, мајка на починато момче, имаше петнаесетминутно обраќање, во…

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025

Трамп ја откажа средбата со Путин: Едноставно не ми се чинеше исправно  

October 23, 2025
ТИКЕР

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025

Норвешкиот министер за одбрана Торе Сандвик предупреди: Русија интензивно го милитаризира полуостровот Кола во Арктичкиот круг, складирајќи нуклеарно оружје

October 25, 2025

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.