Последниот ден од самитот на Г20 во Хамбург договорен е нацрт на заедничка изјава. Спорно останало само прашањето на кое се однесува на климатските промени . САД инсистира во заклучокот да се стави прашањето за фосилните горива, за што се против повеќето земји.
Германската канцеларка Ангела Меркел потенцира дека преговорите за заедничка изјава се многу комплицирани.
„Кога станува збор за спорните точки врзани за трговија, речиси сите мислат дека ни е потребна слободна, но и фер трговија. Но, кога станува збор за тоа прашање во Комуникето, сметам дека тука има уште работа. Се знае дека сите се согласија на Парискиот договор за климатски промени. Сепак, ќе биде интересно како ќе го формулираме во Комуникето и ќе ставиме до знаење дека постојат и различни мислења за тоа прашање. САД се повлекоа од договорот, а тоа игра важна улога во разговорите“, изјави Меркел.
Инаку, нередите во Хамбург го засенија самитот на Г20. Во немирите досега се повредени околу 200 полицајци и десетици демонстранти а од службата за брза помош соопштија дека околу 60 цивили биле пренесени во болница.




