Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Гардијан“: Британските болници пред закана од недостиг на заштитна опрема

0
By Нова ТВ on April 18, 2020 ВЕСТИ
Фото: theguardian.com/LNP
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Залихите на заштитни одела се при крај во болниците низ Велика Британија и тие би можеле да останат без нив до крајот на денот или викендот, објави „Гардијан“. Националната здравствена служба (НХС) им испраќа препорака на здравствените работници да продолжат да работат со заразените лица во пластични престилки.

Препораката на НХС, за која јави „Гардијан“, е во целосна спротивност со досегашните регулативи, во кои се вели дека медицинскиот персонал не треба да им пристапува на пациенти и заразени лица без да носи непропустлива заштитна облека што го покрива целото тело, специјални заштитни маски и очила.

Сепак, извори за весникот велат дека залихите на заштитна облека се при крај и ситуацијата е толку лоша што медицинските лица без опрема би можеле да останат најдоцна овој викенд. Затоа им се советува да користат пластични престилки кои не можат да заштитат ни одблизу како комплетно заштитна облека.

Ова може да доведе до нов бран зараза кај медицинскиот персонал кои лекуваат заразени од ковид-19 и се стравува дека некои од нив може да одбијат да работат заради тој ризик. Околу 55.000 заштитни одела се очекува да пристигнат денеска во британските болници, што е мала утеха бидејќи дневните потреби се речиси трипати поголеми.

Министерството за здравство се обидува да нарача дополнителни количини од сите страни, наведува „Гардијан“, додавајќи дека министерот за здравство Мет Хенкок на своето редовно јавно обраќање во претходните денови значително го намалил овој проблем.

Во Велика Британија, околу 50 лекари, медицински сестри и персонал за поддршка досега починаа од ковид-19. Доктор Роб Харвуд, претседател на советодавниот комитет на британското медицинско здружение, за „Гардијан“ изјави дека со новите упатства од вработените, всушност, се бара свесно да го ризикуваат своето здравје, па дури и животот, лекувајќи ги другите.

„Ова не е одлука што треба да ја донесе медицинско лице во болница“, вели тој.

Велика Британија Гардијан Заштитна опрема Коронавирус Медицински работници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.