Рускиот опозициски политичар Алексеј Навални останува во болница откако беше хоспитализиран вчера изутрина со симптоми за кои докторите се сомневаат дека се последица на труење – пренесува „Гардијан“.
Навални беше одведен во болница од затворскиот притвор каде ја издржува казната од 30 дена поради повикување на антивладини протести.
Демонтрациите се случија во саботата, при што беше употребена полициска сила каква што во земјата немало со години, и беа приведен повеќе од 1300 граѓани.
Граѓаните протестираа против одбивањето на изборните власти да ги усвојат независните кандидатури за изборите за московскиот Совет во септември.
Засега нема знаци за опасност по животот на Навални и неговата здравствена состојба се подобрува, но веста за неговото здравје беше аларм за земјата каде опозицискиот политичар Борис Немцов беше застрелан во 2015 година.




