Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гарет: Реформите во општеството се маратон, не спринт

0
By Нова ТВ on December 24, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија има многу висок рид кој треба да го искачи за да добие датум за преговори до средината на следната година, претстои тешка задача но правилно е да се биде оптимист, вели амбасадорот на Велика Британија во Македонија, Чарлс Гарет, во неделното интервју на „Радио Слободна Европа“.

Тој вели дека јасно е дека Владата е решена да оди напред и да се справи со заробената држава, но дека се работи за долг пат и дека е потребен напор на долг период.

„Потребна е реална програма на вклучување на граѓаните за тие да ги одобрат реформите. Исто така и граѓанското општество да се вклучи од страна. Тоа е маратон, не спринт“, смета британскиот амбасадор.

Гарет потенцира дека во секоја демократија опозицијата игра клучна улога и дека е важно сите партии во Парламентот да и овозможат на опозицијата да дојде и да ја одигра својата улога.

„Прашањата за притворите треба да ги одговорат официјалните лица од судството и обвинителството. Прашањата за повлекувањето на имунитетот за притвор на пратениците е секако работа на самиот Парламент. Не е на мене како странски дипломат да зборувам за тоа, но треба да се фокусираме на фактот дека настаните од 27 април беа екстремно насилни настани и од она што слушам и јас и другите и што видовме од снимките од таа вечер по се изгледа дека барем дел од тоа беше организирано. Сега ова е многу сериозно прашање и потребна е многу сериозна истрага проследена со процесот на владеење на правото. Јас мислам дека секој во Македонија во голема мера го разбира и се согласува со тоа и не ми е јасно на мене како бојкотот на Парламентот може да помогне во постигнувањето на таа цел“, вели Гарет.

Да се реши спорот со името до јуни 2018 година, Гарет смета дека е разумна цел дури и во реално кратка временска рамка и додава дека за пронаоѓање на соодветно решение ќе бидат потребни тешки одлуки и вистинска политичка храброст.

„Јас не го потценувам сето тоа, но ние мора да бидеме свесни дека таму има прозорец на можности кој политичарите на двете страни се одлучни да направат нешто во врска со тоа. Ние треба да се фокусираме на користа која ќе протече од тоа решение “, додава Гарет.

реформи спор со името Чарлс Гарет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.