Published: Tuesday, September 13, 2016 14:17
Иако кога гледаме репортажи од страшни земјотреси во светот имаме чувство дека зградите во голем дел се паднати, тоа не е точно. Паѓаат само оние кои не се градени според стандарди, додека оние кои се сеизмички проектирани се сигурни, смета директорот на Институтот за земјотресно инженерство и сезмологија Скопје (ИЗИИС), Михаил Гаревски.
Во интервју за НОВА ТВ, Гаревски говори за земјотресите кои во последните денови го тресеа Скопје, важноста од градење квалитетни објекти според високи стандарди и за тоа дали поплавите и поројните дождови имаат поврзаност со земјотресите.




