Во интервју за Нова тв, претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши, вели дека неговата порака за сите пратеници е „мандатот не е лична привилегија, туку јавна одговорност“.
Граѓаните не нè испратија во Собранието за да собираме политички поени, туку за да градиме конкретни решенија и да ги претставуваме достоинствено. Замената на етиката и достоинството со омраза и агресија не му користи на Собранието, а уште помалку на граѓаните. Убеден сум дека граѓаните сакаат да видат дијалог и соработка, а не поделби и популистички манипулации, вели во одговор на прашање за тоа какви пратеници како претседател посакува.