Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гаши од првиот ден ги разбранува „космополитите“, реакции од сите страни

0
By Marija Todorovska on May 30, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 30, 2024 16:12

Изборот на Африм Гаши за претседател на Собранието на Република Северна Македонија и неговиот изговор на заклетвата на албански јазик предизвикаа бурни реакции во јавноста. Дел од јавноста го поздрави како чекор кон поголема инклузивност, додека други го критикуваа како поткопување на македонскиот јазик. Гаши, кој доаѓа во ова позиција како коалиционен договор помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН, заклетвата прво ја прочита на албански јазик а потоа на македонски што во дел од медиумската и политичкиот спектар предизвика реакции.

Пратеничката на СДСМ и министерка за култура во заминување Бисера Костадиновска-Стојчевска соопшти дека веќе поднела претставка до Секторот за инспекција при Министерството за култура против новиот претседател на Собранието поради тоа што заклетвата прво требал да ја прочита на македонски, а потоа и на албански јазик.

-Законот за употребата на македонскиот јазик е резултат на нашите заложби и политики за афирмација и правилна употреба на македонскиот јазик. Не може и не смее да се премолчи скандалозно дадената свечена заклетва, од, сега првиот човек на македонското Собрание. Затоа веќе поднесов претставка до Секторот за инспекција при Министерство за култура и понатаму ќе ги користам сите механизми кои се во моментов на располагање за заштита и начинот на употреба на македонскиот јазик. Очекував дека и сегашната претседателка на државата Сиљановска-Давкова со која тогаш во улога на пратеник заедно го доусовршувавме текстот на Законот за употреба на македонскиот јазик ќе реагира на ваквото однесување и дека најостро ќе го осуди чинот на недавање свечена заклетва на првиот официјален јазик во државата, изјавила Костадиновска-Стојчевска за „Слободен печат“.

Костадиновска-Стојчевска вчера реагираше и на Фејсбук и порача дека новиот претседател го прекршил духот на мултиетничноста на државата, но и духот на Уставот и на Законот за употреба на македонскиот јазик.

Колумнистот Бранко Тричковски на својот Фејсбук профил пишува дека тоа е елемент на декларација за рамноправноста на албанскиот јазик што ја поздравува, сеедно што во неа има елементи на провокација и кон ДУИ и кон ВМРО и кон Македонците.

„Јас бев на другата страна на политичкиот спектар но секогаш сум бил за апсолутна рамноправност во секој поглед па и во јазичен.  Уште 2001 предлагав акбанскиот да се стави на денарите. А за употребата во Собранието да не правиме муабет.  За таа цел Македонците мораат да учат албански за да бидат рамноправни со Албанците кои македонски зборуваат најчесто подобро од Македонците.  Се надевам дека вмро ќе го воведе албанскиот во основните и средни училишта“, пишува меѓу другото Тричковски.

И Ненад Јовановиќ во својата колумна кога ги набројува причините зошто не би гласал за ова парламентарно мнозинство, кажува зошто е на страната на тие што се чуствуваат маргинализирани.

„Не би гласал затоа што сум космополит, не би гласал затоа што сум форматиран на универзални вредности за сите, не би гласал затоа што сум градско дете, и ова не го зборувам затоа што сум „морално исправен“ над таа котерија која на времето (од фамозниот 27-ми април 2017 година) сакаше да убие затоа што не сакаа да имаат Албанец за претседател во македонското Собрание, како што не сакаа да заминат и во опозиција. И затоа што инстиктивно сум на страната на сите оние кои се маргинализирани, ранети и исклучени од општеството по разни основи“.

Тој понатаму на колумната објаснува и зошто потполно го разбира новоизбраниот претседател на Собранието кога заклетвата прво ја даде на албански, а потоа на македонски.

„Ама исто така одвратни ми се и оние гласови кои во Собранието, вчера, на „конститутивната седница“ велеа дека новиот претседател, Африм Гаши, зборувал на албански јазик. Или дека на земјата ќе и се случело „Косовизација“. Тоа значи дека денешниот претседател на Собранието треба да се одрекне од својот малцински јазик (албанскиот), наспроти мнозинскиот, а тоа е македонскиот јазик? Се разбира, не би го гласал ниту Африм Гаши, ама прифаќам и потполно ми е разбирливо кога сака да зборува на својот мајчин, албански јазик“.

Изборот на Африм Гаши за претседател на Собранието на Северна Македонија претставува значаен и историски момент за земјата, не од смисла дека е првиот претседател албанец на собранието, туку што доаѓа со подршка од најголемата македонска партија која пред 7 години остро се противеше.

Потегот можеби е показател за промените во политичката динамика и можноста за надминување на етничките поделби. Поддршката од ВМРО-ДПМНЕ може да се толкува и како стратегиски потег за проширување на нивното политичко влијание и демонстрација на посветеност кон стабилноста и интеграцијата на земјата. Овој избор може да отвори пат за поинклузивни и помирливи политички процеси во Северна Македонија, што е од критична важност за иднината на земјата и нејзиниот пат кон европските интеграции.

Во меѓувреме, партијата Левица ја презема улогата на остар критичар на ваквите мултиетнички „компромиси“, засилувајќи го националистичкиот наратив во својата реторика.

Назми Абдурахмани / Цивил Медиа

Африм Гаши
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.