Компанијата „Гаспром“ прогласи дека „виша сила“ за испораките на гас во Европа што ќе погоди најмалку еден голем купувач, јавува „Ројтерс“, повикувајќи се на писмо на рускиот енергетски холдинг во кое имаше увид денеска.

Во писмото што е адресирано на 14 јули се наведува дека „Гаспром“ не може да ги исполни своите обврски поради „вонредни околности“ што се надвор оид негова контрола.

Се додава дека мерката виша сила, што е клаузула во договорите на која се повикува компанијата кога е погодена од нешто што не е под нејзина контрола, е на сила од 14 јуни, додава британската новинска агенција.

Од еден трговски извор нагласија дека писмото се однесува на испораките преку гасоводот „Северен тек 1“ кој претставува главна рута за снабдување на Германија и пошироко.

Од „Гаспром“ немаа коментар по овој повод.

Оваа мерка, според оценката на „Ројтерс“, дополнително ќе влијае на ескалација на односите меѓу Русија и Западот.

Европската унија која воведе санкции кон Москва поради војната во Украина, е со намера да престане да користи руски фосилни горива до 2027 година, но засега сака испораките да продолжат додека постепено не биде укинат увозот на руски енергенси.