Published: Friday, April 24, 2015 11:28
Руски „Гаспром“ се закани дека ќе го запре снабдувањето на Европа со природен гас доколку ЕУ го блокира проектот „Турски тек“.
– Ќе го сториме тоа доколку не принудат. Европа мора да даде јасен и категоричен одговор – дали и е потребна оваа ресурсна база или не , изјави првиот човек на „Гаспром“ Алексеј Милер во Берлин.
Официјални лица од Русија тврдат дека гасоводот не ги крши европските прописи, затоа што државите членки ќе бидат во можност да изградат сопствена мрежа од границата на Турција со Грција.




