Граѓанското движење за одбрана на Македонија, достави декларација до Основниот суд Скопје 1 за поддршка на судовите за нивно професионално работење. Пред поддржувачите на градоначалникот на Битола, Владимир Талевски, се обратија и неколу членови на ГДОМ.
На собирот на ГДОМ присутни беа и неколку градоначалници меѓу кои градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на Аеродром, Ивица Коневски, на Бутел, Петре Латиновски како и некои пратеници, меѓу кои и Андон Чибишев.
Трајановски на собирот рече дека СЈО работи партиски и селективно бидејќи се притворале само членови на партијата на ВМРО.
Основниот суд Скопје 1 Скопје му одреди 30-дневен притвор на Талевски, по барање на Специјалното јавно обвинителство за случајот „Транспортер“.




