Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ГЕМ: Промоција на книга на Славчо Димитров

0
By Нова ТВ on November 27, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 27, 2014 10:00

Во Клуб ГЕМ, четврток, 27, 11, во 19 часот се одржува промоција на книгата „Невозможни исповеди: Субјект, моќ и етика“ од Славчо Димитров.

Книгата „Невозможни исповеди: Субјект, моќ и етика“ од Славчо Димитров ги иследува и проблематизира комплексните и многустрани модуси на испреплетување и сопоставување, низ современ и дијахрониски ракурс, на дискурсите на исповед и конституцијата, перформацијата и деконструкцијата на категоријата на субјектот како доминанта епистемолошка и политичка оска на Западната европска цивилизација.

Во својата книга Славчо Димитров овој значаен теориски проект го реализира преку интеграција на неколку клучни методолошки парадигми, како генеалогијата на субјектот на Мишел Фуку, деконструкцијата на Жак Дерида, критичко читање на дијалектиката на Хегел, и постструктуралистичката и феминистичка критика.

Предмет на интерес на книгата е можноста за критика, проблематизација и деконструкција на субјектот во неговата поставеност во рамките на исповедниот дискурс, што понатаму отвора можности за преобмислување на етичките односи со Другиот и со себеси, како поле на политичкото и политичкото дејствување отаде јазот на исповедта, вистината и субјективноста/идентитетот.

Во книгата Димитров го анализира односот меѓу исповедните карактеристики на субјектот и современиот политички поредок (демократија и неолиберализам) и прерогативи, како и последиците на исповедниот дискурс и идентитет врз политичкиот активизам, односно формите на политизација на идентитетот.

Текстот нуди сериозна рефлексија врз хоризонтот на можности за преосмислување на политичкото живеење, политиките на отпор и идентитет, етичката релација со Другиот и демократијата како најгорливи прашања во актуелната политичко-филозофска и културолошка дебата во светски рамки, односно можностите за смислување/конструкција на политички простор надвор од категориите на субјектот и (само)идентитет.

За книгата ќе говорат проф. Јелисавета Блогојевиќ, филозоф и квир и родова теоретичарка, од Факултетот за медиуми и комуникации -СИНГИДУНУМ во Беград, и проф. Јасна Котеска, книжевна теоретичарка и теоретичарка на културата, од УКИМ, Скопје.

Книгата е издадена на македонски и англиски јазик во издавачката програма на Галикул за 2014 година. Истата е финансиски подржана од Министерството за култура на Република Македонија.

Славчо Димитров (р.1984) има дипломирано на катедрата за Општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет на УКИМ, Скопје. Магистрира, првин, на Родови студии и филозофија на Институтот Евро-Балкан, а потоа на катедрата за Мултидисциплинарни родови студии на Универзитет на Камбриџ. Моментално ја работи својата докторска теза на Институтот Евро-Балкан.

Работел како асистент на последипломските родови и културни студии на Универзитетот Евро-Балкан, и на додипломски и последипломски студии на Факултетот за медиуми и комуникации – СИНГИДУНУМ, Белград. Во последните неколку години има координирано голем број на академски проекти и летни школи, како и проекти во областа на човековите права на маргинализираните заедници, со посебен фокус на квир активизмот.

Основач е на интернационалната Летна школа за сексуалности, култури и политики. Исто така е еден од основачите на Центарот за истражувања на идентитети, култури и политики, ИПАК, Центар во Белград. Директор е на Коалицијата за сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.