Published: Thursday, November 12, 2015 10:33
Во Грција денеска се одвива генерачен штрајк при што нема да се одвиваат авионски летови на домашните линии, бродовите ќе останат на пристаништата, а јавните служби ќе бидат затворени.
Грчкиот народ е незадоволен со мерките на штедење кои ги бараат меѓународните кредитори за исплата на нов помошен пакет.
Итните служби во болниците ќе работат, а некои државни училишта ќе бидат затворени, бидејќи наставниците, лекарите, новинари и вработени во сообраќајните служби ќе се приклучат на првиот голем штрајк оваа година.
Ова е прв генерален штрајк по новиот мандат на Ципрас, кој во предизборието вети дека ќе стави крај на мерките за штедење.




