Published: Thursday, November 27, 2014 08:25
Автобусите, возовите и авионите нема да се движат во Грција како последица од 24-часовниот штрајк на двата владини синдикати во земјата. Државниот и приватниот сектор се целосно парализирани.
Училиштата се исто така затворени, а болници ќе примаат само итни случаи. Во протестот ќе се вклучат и лекари и адвокати, а исто така тој ќе биде поддржан и од трговци и претприемачи.
Грчките државни телевизии и радио станици како што најавија вчера, не емитуваа вести поради 24-часовниот штрајк на сите средства за масовни медиуми против политиките на Владата.
Новинарските синдикати вообичаено го одржуваат штрајкот еден ден порано, за да може репортерите да известуваат за генералниот штрајк.




