Во седиштето на Обединетите нации во Њујорк денеска започнува Самит за бегалците и мигрантите, прв на ниво на шефови на држави и влади за големото движење на мигрантите и бегалците ширум светот, што се смета за историска можност да се изработи план за подобар глобален одговор.
Самитот ќе го отвори новиот претседавач на Генералното собрание на ОН Питер Томсон, по што ќе говори и генералниот секретар на ОН Бан Ким-мун.
Самиот го свика претседателот на 71. седница на Генералното собрание во име на државите членки и на него ќе присуствуваат шефовите на држави и влади, министри, лидери на агенциите на ОН, претставници на цивилното општество, приватниот сектор, меѓународната безбедност, академските кругови.
На маргините на Генералното собрание утре американскиот претседател Барак Обама ќе биде домаќин на Самитот на лидерите за бегалците.
Додека Самитот на лидерите ќе се фокусира на бегалците, а не на мигрантите, во фокусот на Самитот на Генералното собрание на високо ниво ќе биде движењето на мигрантите.
Генералната дебата во Генералното собрание, на која ќе учествуваат шефови на влади и држави членки на ОН ќе трае до 20 до 26 септември.




