Голем пожар зафати дел од објектите на Треска, а екипите на противпожарната се на терен и интервенираат, напиша на својот фејсбук профил градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски.
-Во моментов екипите на противпожарна служба се на терен и интервенираат станува збор за голем пожар, екипите на Општина Центар се упатија натаму да дадат поддршка на пожарникарите доколку е потребно, напиша тој.
Герасимовски заради настанатиот метеж во овој дел апелира оние кои можат да го заобиколуваат овој дел од градот.