Благодарност до сите граѓани кои денес излегоа и ни ја дадоа поддршката, напиша Горан Герасимовски, кандидатот и со голема веројатност и новиот градоначалник на општина Центар од СДСМ, на својот Фејсбук профил.

„Центар останува во вистински раце, победуваме убедливо со речиси 2000 гласа разлика! Сакам да им заблагодарам на сите граѓани кои денес излегоа и ни ја дадоа поддршката. Центар останува демократска и отворена општина. Веќе од утре започнуваме со работа да ја оправдаме довербата и да продолжиме да ја развиваме општината и да го подигнуваме квалитетот на животот за центарци. Во оваа прилика сакам да им се заблагодарам и на сите кандидати кои беа дел од изборите во Општина Центар и за демократскиот изборен ден", напиша Герасимовски.

Тој битката за прв човек во Центар ја водеше со Наташа Котлар поддржана од ВМРО-ДПМНЕ.