Published: Wednesday, February 22, 2017 14:20
Полицијата во САД трага по лицата кои на Статуата на слободата во Њујорк поставија транспарент со порака: „Бегалците се добредојдени“.
Надлежните служби го отстраниле транспарентот отокао било утврдено дека тоа ќе му нанесе штета на националниот споменик. Полицијата допрва треба да ги открие сторителите.
Инаку Статуата, која е подарок од Франција за САД од 1886 година ја симболизира слободната имиграција.
Американското Министерство за внатрешна безбендост објави нови заострени наредби, кои претставуваат почеток на поширока акција против нелегалните мигранти. Ќе бидат опфатени речиси 11 милиони странци без документи.




