Активисти- учесници во Шарената револуција денеска пред скопскиот ресторан Пелистер со транспарент ја прашаа eвропратеничката Маријана Петир „Дали во ЕУ аболицирате криминалци?“.
Петир денеска оствари средба со техничкиот премиер Емил Димитриев по што е забележана во скопски ресторан, во ко дискутираше со жени од политичкиот живот во Македонија.
„Денес го засоливме ручекот на евро-пратеничката Маријана Петир која околу пладне во ресторанот Пелистер во Скопје дискутираше со жени од политичкиот живот во Македонија. Ја прашавме: ДАЛИ ВО ЕУ АБОЛИЦИРАТЕ КРИМИНАЛЦИ? Инаку, г-ѓа Петир пред неколку дена изјави дека излезот од кризата во Македонија се избори на 5 јуни, а ние не се согласуваме со тоа!“ стои на страницата #ШаренаРеволуција на Фејсбук.