Published: Monday, July 3, 2017 15:33
Се стравува дека осумнаесет лица се мртви а 38 повредени, во сообраќајната несреќа на автобус во Баварија, Германија, во понеделник, јавува Си-Ен-Ен, повикувајќи се на потврда од полицијата.
Германскиот министер за транспорт, Александар Добринд, за новинарите изјави дека службите за итни случаи откриле 11 тела досега од несреќата во Баварија и дека потрагата трае за седум други лица.
По судирот, автобусот го зафатил оган, кој бил “толку силен што само челичните делови” сè уште биле препознатливи, додаде Добриндт.
Во автобусот имало 47 човек.




