Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Германија го губи трпението: Помина времето на мирни тонови со Анкара

0
By Нова ТВ on March 6, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 6, 2017 15:45

Германскиот министер за правда Хајко Мас ја предупреди Анкара дека времето на тивки тонови поминало, критикувајќи го турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кој ја спореди сегашна Германија со нацистичката.

Мас не кажа какви тонови во односите Берлин- Анкара ќе следуваат, а на Твитер порача дека единствено нешто може да се постигне преку дијалог.

Тој исто така го предупреди Ердоган, кого во Германија уште го нарекуваат „султан“ и „пашата од Босфор“ дека очигледно сака да провоцира.

Критиките на Ердоган предизвикаа жестоки реакции кај германските политичари и се оценети како злонамерни, апсурдни, неприфатливи и безобразни, и побарано е тој да се извини.

Во своите коментари за Ердоган и неговите политички проценки за Германија, германските политичари сметаат дека земјата не смее да дозволи да биде провоцирана.

Мас смета дека не би било од корист да му се забрани доаѓање на Ердоган во Германија каде тој ја води својата политичка кампања за уставните реформи кои ќе му овозможат уште поголема моќ.

Германскиот министер за правда смета дека во случајот со Ердоган не се работи веќе за изборна кампања за референдум, туку за провокации и смета дека турскиот претседател по се изгледа сака да создаде нешто налик на „национален фронт“ во Турција против остатокот од светот.

Шефот на опозициската партија на „Зелените“, Џем Ездемир, првиот Германец со турско потекло на чело на една партија исто така го критикуваше изјавите на Ердоган како неразумни и предупреди дека би требало да се зачува „ладна глава“.

Ездемир од Владата во Берлин побара одлуките за “изборните настапи на турските политичари“ во Германија да не ги препушта да ги носат комуните и укажа дека најдобро би било во овој случај да се постигне заеднички, европски одговор на тоа прашање.

Џем Ездемир

Ердоган, кој планираше, како што пренесуваат медиумите, на пат кон Стразбур овој месец, да дојде и во Германија, односно во покраината Северна Рајна Вестфалија и да им се обрати на своите сонародници (околу 1,4 милиони Турци) каде би агитирал да учествуваат на априлскиот референдум.

Шефот на Одборот за надворешна политика на Бундестагот Норберт Ретген јасно се определи против настапот на турските политичари во Германија, но и против воведување забрана за такви настапи.

– Не сакаме ситуацијата да ескалира, но исто така не сакаме ни да дозволиме да бидеме провоцирани, изјави овој демохристијанин.

Зборовите на Ердоган за нацистичка Германија ги уриваат напорите на канцеларката Ангела Меркел и на шефот на турската влада Бинали Јулдирим кои во саботата еден час телефонски разговарале меѓу другото и за изборните настапи на турксите политичари, пренесуваат медиумите.

Кога станува збор за германско- турските односи кои се наоѓаат на тест, за оваа недела планирана е и средба на германскиот шеф на дипломатијата Зигмар Габриел со турскиот колега Мевлут Чавушоглу.

Зигмар Габриел

Габриел пред состанокот напиша дека тој останува пријател на Турците во Германија и на Турција и предупреди дка не смее да се допушти уривање на основата на германско – турското пријателство.

На прашањето, зошто Германија и Турците кои живеат во земјата се толку интересни за Ердоган, статистиката има едноставен одговор – во Германија живеат повеќе од 1,4 милиони Турци со право на глас во Турција кои би можеле да бидат ваќен тас на вагата за уставните реформи што ги сака Ердоган.

По Истанбул, Анкара и Измир, Германија важи како четврти по големина округ на Турција, велат статистичарите, а аналитичарите укажуваат дека една од причините зошто Турците во Германија и натаму гледаат кон Босфор е и таа што за состојбата во Турција тие се информираат преку медиумите верни на Ердоган, но и поради националната гордост и чувството дека Германците не ги прифаќаат.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.