Published: Thursday, January 26, 2017 13:31
Светските лидери веќе нема да можат од германската Влада да бараат кривично гонење на личности за кои сметаат дека ги навредиле, што беше предвидено со Закон, кој е укинат.
Одлуката за укинување на Законот доаѓа една година откако канцеларката Ангела Меркел одобри покренување на постапка против комичарот Јан Бемерман, кој напиша сатирична песна за турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Германскиот министер за правда Хеико Мас овој закон го нарече застарен и непотребен.
Навредените странски лидерти и натаму ќе можат да покренуваат процеси за клевета и навреда на ист начин како и граѓаните.




