Војната во Украина ја принуди Европа да почне да трага по нови решенија кои, барем делумно, ќе ја исклучат Русија и нејзините енергенси.

Германскиот министер за економија, Роберт Хабек најавува мерка која, соред него, се наметнува како неопходна и се однесува на практично национализирање на рафинеријата во Швет која е во сопственост на „Росњефт“, пренесува „Ревија ХАК“. Таа произведува гориво за источна Германија и за западна Полска.

Рафинеријата моментно се снабдува со суровини од гасодовот „Дружба“ кој води од Русија. Планирано е нафтата во иднина да доаѓа од други извори, како пристаништето во Рошток и во Гдањск. Германија досега го намали увозот на руска нафта за 20 отсто.

Италијанците, исто така, најавуваат национализација на својата најголема рафинерија која е во сопственост на Лукоил.