Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Германија му се заблагодарува на светот за поразот на фашизмот

0
By Нова ТВ on May 9, 2020 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, May 9, 2020 10:26

Светот денеска го одбележува Денот на победата над фашизмот. На 9 мај 1945 година со потпишувањето на безусловна капитулација на нацистичка Германија, официјално беше ставен крај на Втората светска војна во која учествуваа 61 земја, со вкупно 2,1 милјарда жители или 96 отсто од светското население и која однесе повеќе од 50 милиони животи.

Безусловната капитулација на Третиот Рајх е потпишана во разурнатиот Берлин, само неколку минути по полноќ, на 9 мај. Капитулацијата во име на Врховната германска команда ја потпишаа фелдмаршалот Вилхелм Кајтел, генералот Ханс Јирген Штумпф и адмиралот Ханс Георг фон Фридебург. Од страна на сојузниците договорот го потпишаа рускиот маршал Георги Жуков и британскиот генерал Артур Тедер.

Од над 50-те милиони жртви, 20 милиони беа од тогашниот Советски сојуз, а повеќе од 30 милиони беа цивили. Во нацистичките логори беа убиени околу 12,5 милиони луѓе, од нив шест милиони Евреи. Материјалната штета од Втората светска војна само во Европа беше проценета на околу 260 милијарди американски долари.

По повод 75 годишнината од победата над фаѓизмот зборот „Благодарам“ беше напишан на Бранденбуршката порта во Берлин.

„Благодарам“ беше напишано со светлосни зраци и на француски, англиски и руски јазик во чест на годишнината од завршувањето на Втората светска војна.

По повод одбележувањето на оваа годишница премиерот Оливер Спасовски на својот ФБ профил сподели видео од Државното музичко балетско училиште „Илија Николовски Луј“ и нивната изведба на химната на Европската Унија „Ода на радоста.

https://www.facebook.com/o.spasovski/videos/284529832708086/

“Нема поубава и понадежна порака од оваа на децата од Основното училиште „Коле Неделковски“ од Скопје, сите ученици и во Државното музичко балетско училиште „Илија Николовски Луј“ и нивната изведба на химната на Европската Унија „Ода на радоста“.

На Денот на Европа овие наши млади наследници од иднината, од нивната иднина во Европската Унија, ја споделија со сите нас радоста на музичката солидарност во време кога надежта ни е најпотребна и која тие ја собраа и ни ја подарија под менторство на професорката Марија Ѓошевска.

Со нејзиниот аранжман и во изведба на Ведран Андреевски на пијано (во класа на проф.Борис Светиев), на Мила Андреевска на виолончело (во класата на проф.Маре Видевска), на Ана Котевска на виолина (во класата на проф.Олгица Здравковска), и на Дарија Мандариќ на пијано (во класа на проф. Славица Мицовска), го славиме денеска големиот ден – Нека ни е за многу години 9 Мај – Денот на Европа!” напиша премиерот Оливер Спасовски.

Честитки по повод Денот на победата над фашизмот упати и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

“Со гордост го чествуваме 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.

9-ти мај е датум кој е силно врежан во европската историја. Пред 75 години, во 1945 година, на овој ден, Европа го победи фашизмот и стави крај на едно мрачно поглавје, а пред 70 години, во 1950 година, преку Декларацијата на Роберт Шуман, Европа отвори ново светло поглавје на соработка и обединување.

Денес, со гордост ги празнуваме овие два значајни јубилеја, како држава изградена на антифашизмот и држава дел од обединувачката мисија на Европската Унија.

На овој ден, со гордост оддаваме почит кон нашето херојско минато и со одлучност чекориме кон иднината. Кон силна, слободна и обединета Европа за која сонуваа нашите претци, за која сонуваше и Роберт Шуман.

Нека е честит Денот на победата над фашизмот!

Нека е честит Денот на Европа!” напиша на својот ФБ профил, Зоран Заев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.