Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 2.606.614 лица. Од нив починале 181.569, а оздравеле 712.326 луѓе.
-Вакцина против коронавирус произведена во Германија во соработка со германската компанија Бионтек и американскиот фармацевтски гигант Фајзер доби дозвола за тестирање на луѓе, јави Би-би-си.
Тестирањето ќе започне да се спроведува на 200 здрави лица на возраст помеѓу 18 и 55 години, кои ќе примат неколку варијанти на вакцината.
„Многу добар знак е што уште сега можеме да започнеме со клиничко тестирање. Секако, безбедноста ни е важна и тестирањето ќе трае со месеци. Безбедноста ни е најважна кога зборуваме за ваков вид вакцина“, истакна германскиот министер за здравство Јенс Шпан.
Министерот за здравство на Велика Британија, Мет Ханкок вчера исто така го најава почетокот на тестирање на вакцина против коронавирус на луѓе, што ќе започне утре. Во Германија од почетокот на пандемијата се забележани скоро 150.000 случаи на коронавирус и повеќе од 5.000 смртни случаи. Речиси 100.000 луѓе оздравиле.
– Светот ни од далеку не завршил со новиот коронавирус, од кој починаа повеќе од 177.800 луѓе, изјави генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус.
– Вкупниот број на заразени со коронавирусот во Турција достигна 98.674 лица, 2.376 починале.
– Италија регистрира 437 починати од Ковид-19 во последните 24 часа, помалку од вчерашните 534. Вкупниот број на жртвите во земјата достигна 25.085 луѓе.
– Регионалната германска авиокомпанија Ел Ге Ве (LGW), сопственост на берлинската компанија Цајтфрахт (Zeitfracht), денеска објави банкрот поради кризата со коронавирусот.
– Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дал одобрение Турција да им достави на САД дел кој е неопходен за производство на респиратори во земјата.
– Во Виетнам од утре делумно се укинуваат ограничувањата во патувањата. Минатата недела во земјата не бил регистриран ниту еден нов случај на заразен со Ковид-19.




