Германија се подготвува за својата позиција за Брегзит. Посебен одбор од кабинетот на германската кацеларка во среда ќе ги разгледува структурните и организациските подготовки за преговорите со Велика Британија, изјави Стефен Сеиберт, портпарол во кабинетот.

„Германските интереси мора да бидат идентификувани“, изјави портпаролот.

Ден пред тоа, во вторник Лондон треба да ги изнесе ставовите за Брегзит, а говорот на премиерката Тереза Меи се очекува нестрпливо со оглед на тоа што таа досега не сакаше да открива детали за својата стратегија.

Меи сака да покрене постапка за дистанцирање од Европската Унија до крајот на март активирајќи го членот 50 од Лисабонскиот договор.