Германските претставници во биатлон повторно се изборија за место на насловните страници во медиумите во нивната земја. На вчерашната победа на Лаура Далмаер во спринтот на 7,5 километри, се надоврза и Арнд Пифер во трката на 10 километри. Одличното трчање го надополни и со максимална прецизност во двете серии пукање на стрелиштето за заслужен триумф на крајот.
До вториот златен олимписки медал, прв во поединечна конкуренција во кариерата, тој стигна со време 23,38 минути. Пифер има и екипно злато од Игрите во Сочи во 2014 година.
Четири секунди и четири десетинки послаб резултат од него постигна Чехот Михал Крчмар (23,42 минути) кој исто така ги погоди сите десет мети. Третото место му припадна на Италијанецот Доминик Виндич (23,45 минути) кој промаши само едно пукање од стоечка позиција.