Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Германија слави: Три децении од падот на Берлинскиот ѕид, симболот на поделба меѓу Истокот и Западот

0
By Нова ТВ on November 9, 2019 ВЕСТИ
Фото: cnn.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Германија одбележува важен, голем ден од својата нова историја. Една од водечките земји на Европската унија и меѓу најразвиените економии во светот, ја слави 30 годишнина од паѓањето на Берлинскиот ѕид, симбол на поделбата на земјата од времето на Студената војна на комунистички исток и капиталистички запад.

Бетонскиот ѕид што се протегаше на 155 километри во должина и претставуваше граница меѓу Источна и Западна Германија беше изграден во 1961 година. Неговата функција, покрај територијално одделување на двата, идеолошки, спротивставени блока, беше и спречување на бегство на работната сила и политичките неистомисленици.

Фото: dw.com

Според податоци на порталот GHDI (Германска историја во документи и фотографии) кој се повикува на информации на западногерманските власти, во периодот од 1949 година до 1962 година од Источна во Западна Германија пребегнале 2,7 милиони луѓе, бројка што по подигнувањето на Берлинскиот ѕид се сведе на 500.000. Официјалната, пак, верзија на источногерманските власти за ѕидот беше „антифашистичка заштитна бариера“ со цел да заштити од евентуална „агресија од запад“.

Ѕидот, покрај физичката поделба на Берлин, го затвори и западниот дел од градот. За време на подигнувањето беше обезбедуван од источногермански војници и вооружени групи на работничката класа кои имаа наредба да пукаат во секој што ќе се обиде да мине на другата страна. Комплетната граница меѓу Источна и Западна Германија беше затворена со ѕидови, мински полиња и други препреки. Проценките се дека при обид за бегство преку ѕидот загинале 140 лица меѓу кои и граничари.

Фото: sky.com

Со либерализацијата во доцните 80-ти години од минатиот век и се послабото влијание на поранешниот Советски Сојуз (СССР) и политиките на Перестројката доведе до слободен пограничен режим во Источна Германија. Епилогот беа масовни демонстрации и пад на комунистичката власт. Тогашната влада на 9 ноември во 1989 година соопшти дека ќе дозволи преминување во Западна Германија и како резултат на тоа огромна маса на луѓе се доближи, а потоа и ја мина бетонската бариера. Од другата страна на ѕидот наидоа на славеничка атмосфера и пречек од голем број на западногерманци.

Еуфоричната маса за само неколку недели уништи најголем дел од Берлинскиот ѕид чиј пад беше прв чекор во обединувањето на Германија што официјално заврши на 3 октомври во 1990 година.

На централната манифестација во Берлин што е планирана во текот на денот ќе учествуваат германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер и канцеларката Ангела Меркел, како и гости и повеќемина државници од Европа. Вечерната прослава е закажана пред Брандербуршката порта, каде се очекува голем граѓански собир на кој ќе се обрати претседателот Штајнмаер.

Берлински ѕид Германија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.