Најмалку 15 лица, меѓу кои и деца, се повредени кога автомобил влета во карневалска поворка во германскиот град Фолксмарсен. Полицијата не излегува со детали за инцидентот, освен дека несовесниот возач е уапсен и притворен.
Додека трае полициската истрага за причините за несреќата, останува дилема дали возачот намерно влетал во толпата. Германските медиуми повикувајќи се на очевидци, истовремено, пишуваат дека цел на возачот биле деца.
Кон местото на настанот се испратени десетици медицински екипи и хеликоптери. Денешниот инцидент доаѓа по десетина дена од масакрот во градот Ханау во кој еден Германец уби десет лица, меѓу кои и неговата мајка, по што изврши самоубиство.