Германската влада предлага вакцината против мали сипаници (морбили) да стане задолжителна за децата и вработените во градинките и училиштата.
Кабинетот на канцеларката Ангела Меркел вчера го одобрила планот, истакнувајќи дека бројот на заразени со морбили во земјата последниве години значително е зголемен.
Пратениците во парламентот, каде владејачката коалиција на Меркел има мнозинство, се очекува да го одобрат законот.
Според предлогот, воведувањето на задолжителната вакцинација ќе почне постепено од март, а родителите за упис во градинка и училиште ќе треба да обезбедат доказ дека детето е вакцинирано.
Непочитувањето на оваа законска обврска ќе значи дека децата нема д абидат примени, а нивните родители ќе бидат казнети парично до 2.500 евра.
Германската новинска агенција ДПА објави дека лани во Германија се регистрирани се 543 случаи на мали сипаници, а оваа година веќе има над 400 случаи.




