Германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер изјави дека загрижен поради се почестите напади врз бегалците во Германија.
“Ситуацијата се влоши во првите месеци на 2016 година”, вели министерот за весниците на групата Функе. Според него, еден дел од германското општество е “заглупавен”.
Од јануари неговото министерство има регистрирано 1.100 напади врз бегалците, 449 напади врз центри за прием на бегалци и 654 против бегалци вон од центрите за прием. Бегалската криза “делуваше како забрзувач” мотивирајќи ги напади, смета министерот.
Во 2015 година во Германија беа регистрирани над илјада прекрошоци против центрите за прием на бегалци, што претставува зголемување од 427 отсто во една година. Тие напади и се припишани на екстремната десница. Од почетокот на годината бранот на бегалци се намали поради договорот помеѓу ЕУ и Турција.