Пегида, анти-исламското движење во Германија, одлучи да го откаже протестот закажан во Дрезден во понеделник. Според Фејсбук страната на движењето, манифестацијата се откажува поради ризик по заканите добиени од организацијата Исламска држава.
«Приморани сме да го откажеме настанот», велат лицата од Пегида кои велат дека со ова е нападната слободата на мислење и слободата да се протестира.
Собирањата на Пегида (Европски патриоти против исламизацијата на Западот) се одржуваат од октомври и собираат се повеќе и повеќе приврзаници. Минатиот понеделник, пет дена од атентатите во Париз, 25.000 лица протестираа во Дрезден со барање да се воведе рестриктивна имиграциска политика.
По откажувањето на следната манифестација поради заканата од атентат. Пегида побара од своите симпатизери да истакнат германско знаме и свеќа на прозорците.
Разузнавачките служби на Германија стравуваат можни терористички напади против ова движење. Според магазинот Шпигел, и странски разунавачки служби ги предупрдиле германските колеги за можноста за напад врз неделните манифестации на Пегида.




