Published: Thursday, March 3, 2022 13:28
Германија реши да ја зголеми испораката на оружје за Украина и ќе испрати уште 2.700 противвоздушни ракети, соопштија денеска извори блиски до владата.
Владата одобри дополнителна испорака, изјавија истите извори за „Франс прес“ и додадоа дека станува збор за ракети од типот „Стрела“ од советско производство кои потекнуваат од залихите на војската на поранешна источна Германија.




