Германската компанија CureVac сака да ги прескокне клиничките студии од фаза 3, за да се добие вакцина против коронавирус, изјави претседавачот на надзорниот на одборот на германската компанија за биотехника.
Компанијата, која од Европската комисија доби 80 милиони евра за истражување на вакцината против Корона , е една од повеќе од 30 компании кои се натпреваруваат која прва ќе истапи на пазарот со овој глобално посакуван производ.
Претсавикот на оваа компанија Дитмар Хоп, претпоставува дека вакцината би била на пазарот до есен – предвидување што го најави и претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лејен. Овој оптимистички рок за пуштање во промет на вакцината не го потврдија европските регулагторни тела низ чиј филтер треба да помине вакцината.
Во тек се подготовки. Првата фаза е планирана за јуни и јули. Тоа е фазата кога ќе се направат првите тестови на луѓе со што треба да се потврди безбедноста на вакцината како и нејизната доза.
Потоа, компанијата планира да премине во втората фаза и да ја тестира ефикасноста на вакцината врз 2.000 до 3.000 пациенти во Европа.
Тој рече дека компанијата ќе се обиде да ја избегне третата фаза кога се прават помасовни тестови пред таа да биде одобрена. За овој план компанијата најави разговори со претставници на научната заедница во Европа како и со претставици на европските регулатрони тела.
„Се надевам дека можеме да ја избегнеме третата фаза со оглед на сериозноста на болеста“, рече претставник на оваа германска компанија.




