Германската Влада денеска усвои предлог закон за поништување на осудителните пресуди изречени против илјадници хомосексуалци кои биле во согласност со законот применуван во Западна Германија во периодот после Втората Светска војна.
Оваа мерка предвидува оштета од 3.000 евра за секоја осудителна пресуда и уште по 1.500 евра за секоја година помината во затвор, пренесува АП.
Во периодот од 1949 и 1969 година околу 50.000 мажи се осудени врз основа на таканаречениот Параграф 175 со кој се забраува сексуален односи меѓу мажи.
Овој закон е воведен во 19 век, заострен под нацистичкото владеење, а Западна Германија во тој облик го задржала.
Хомосексуалноста од 1969 година не се смета за злосторство, но законот останал во книгите до 1994 година.
За да биде усвоен, новиот предлог закон би требало да биде одобрен од Парламентот.




