Германскиот супермаркет „Едека“ во Хамбург ги ги отстрани сите странски производи од полиците на еден ден, за да им укаже на своите граѓани колку земјата зависи од надворешни извори.
Купувачите се соочиле со буквало празни рафтови, со знаци поставени околу продавницата на кои пишувало: „Оваа полица е прилично здодевна, бидејќи нема разновидност“, „Празна е полицата без странци“ и „Нашиот избор има граници денес“.
На полиците ги немало шпанските домати, ниту грчките маслинки.
„Едека се залага за разновидност. Произведуваме широк спектар на храна во нашиот асортиман кој се произведува во различни региони од Германија. Но заедно со производите од другите земји, ние создаваме уникатна разновидност што ја вреднуваат нашите клиенти. Среќни сме што добивме позитивни повратни информации во врска со акцијата“, изјави портпаролот на компанијата.
На почетокот од годината во Германија повеќе од 400.000 бегалци чекале одобрување по пристигнувањето во 2015 година. Најбројни се Сиријците, а потоа Авганистанците, Ирачаните, Иранците, Еритрејците и Албанците.
Според статистиката на Би-би-Си дека секој ден имало по 10 напади врз мигрантите минатата година. 560 луѓе биле повредени во ваквите насилства.
Бројот на мигрантите се намали пред две години, откако Германија ја затвори балканската мигрантска рута и договорот на ЕУ со Турција. Сега дел од нив ќе бидат враќани во Грција.





