Германскиот канцелар Олаф Шолц е позитивен на ковид-19 по враќањето од посетата на Блискиот Исток, соопшти денеска владиниот портпарол.

Германскиот лидер имал „благи симптоми“ на настинка, а откако тестот покажа дека е позитивен на коронавирусот, замина во изолација во неговиот апартман во владата, рече Штефен Хебештрајт.

„Неговите состаноци закажани за следните неколку дена ќе се одржат виртуелно“, додаде портпаролот.

Шолц е позитивен на коронавирусот по неговата кусата турнеја овој викенд во Саудиска Арабија, Катар и Обединетите Арапски Емирати, чија цел беше да се најдат нови извори за снабдување со енергија за Германија.