Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гевгеличани на референдум – за или против рудник на Кожуф

0
By Нова ТВ on April 23, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, April 23, 2017 10:02

Жителите на Гевгелија денеска на референдум треба да одговорат на прашањето дали се за или против отворање нa рудници на металични суровини во општината.

Утрово во 7 часот беа отворени сите 37 избирачки места на кои граѓаните ќе се изјаснуваат по референдумското прашање.

– Референдумското изјаснување почна уште вчера кога гласаа затворениците, болните и старите и изнемоштени лица. Процесот се одвива беспрекорно без никакви проблеми. Во гласачкиот список се запишани 19.459 граѓани со право на глас кои треба да се изјаснат во текот на денот, најдоцна до 19 часот, изјави Гордана Поп-Кочева, претседател на ОИК Гевгелија.

За да биде успешен реферндумот на гласање треба да излезат најмалку 50 отсто плус еден од запишаните граѓани во гласачкиот список.

Активистите на граѓанската иницијатива „Спас за нас“, која е иницијатор на референдумот, подолго време предупредува дека експлоатацијата на земјиштето на планината Кожуф ќе се врши со експлозив и голема механизација, а потоа за да се одвои златото ќе биде употребувана постапката лужење, а тоа значи и употреба на цијанид.

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во општина Гевгелија беа едногласни во однос на тоа дека за вакво прашање мора да одлучат граѓаните. Дел од нив веќе побараа Кожуф да се прогласи за природно заштитено подрачје.

Државната секретарка во Министерството за животна средина Соња Лепиткова пред два дена изјави дека граѓаните на општина Гевгелија се изманипулирани од луѓе кои даваат нестручни паушални изјави за влијанието врз животната средина на рудник кој не се знае дали ќе се отвора бидејќи моментално на теренот сѐ уште се вршат испитувања кои треба да утврдат дали има руда која содржи злато.

 

злато Кожуф референдум рудник
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.