Стотици илјади граѓани се собраа во Истанбул вчера да го прослават 562 роденден на освојувањето на градот од страна на Отоманите, јавува агенцијата АФП. Церемонијата ја водеа премиерот и претседателот на Турција а таа се одржува една недела пред парламентарните избори.
Толпата извикуваше слогани во чест на претседателот Реџеп Таип Ердоган и неговата исламо-конзервативна партија АКП и вешее турски и отомански знамиња.
Ердоган стана претседател во 2014 година откако 10 години беше премиер и неговата амбиција е неговата партија да добие двотретинско мнозинство на изборите со што ќе може да се смени Уставот и Турција да мине во претседателски режим.
Иако неговата улога е да остане неутрален, тој во оваа прилика ги повика Турција да ја поддржат неговата партија и рече дека во овие 12 години откако тој е на власт, Турција се исправила на нозе и дека изборите на 7 јуни ќе бидат нова победа.
За време на собирот имаше транспарент од 4.709 метри квадратни на кој се прикажани Ердоган и премиерот Давутоглу. Според еден турски делегат на Гинес книгата на рекорди ова најголемиот постер во историјата.
На 29 мај 1453 година султанот Махмуд Втори го освои Истанбул и со тоа предивзика пад на византиското царство.




